Оваа централа е дел од најсовремените светски технологии, направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот на светлината од рефлектирачкиот материјал дополнително поставен под панелите.
Тимот собираше отпад расфрлан на пешачката патека при што се извршуваше селекција на отпадот во четири категории и тоа: пластика, стакло, пакување и хартија. Во соработка со фирмата ЕКО Центар, отпадот ќе биде однесен на соодветни локации.
Г-дин Митровски се заблагодари и изјави „ Награда е доказ дека како дел од Групацијата ЕВН успешно ги следиме и унапредуваме најсовремените трендови за заштита при работа и безбедност на вработените, а оваа пракса ќе остане наш приоритет и во иднина“.
Советот за безбедност и здравје при работа и „Македонското здружение за заштита при работа“ ја доделија националната награда за добра практика за безбедност и здравје при работа на ЕВН Македонија Електрани. Признанието беше доделено за континуитетот во подобрувањето на процесите и мерките за без...