Локација
Фотоволтаичната централа се наоѓа во близина на село Војшанци, Неготино. Според својата положба, Неготино припаѓа на Вардарскиот регион, а според специфичните природни услови, како природна целина, припаѓа заедно со Кавадарци на Тиквешко-раечкиот микрорегион. Во Тиквешката котлина се наоѓа на источната страна. Неготинската општина го зазема централниот дел од повардарието и источниот и југоисточниот дел од Тиквешката котлина. Областа Тиквеш и Повардарие се наоѓаат под влијание на медитеранската клима, која продира од југ преку Демиркаписката клисура и на континентална клима која продира од север преку Велешката котлина.
Историја на активности
Во период од неполни 4 месеци, ЕВН Македонија ја изгради првата двострана фотонапонска централа во земјата. Централата која е инсталирана во Неготино е најнова технологија од оваа област. Направена е од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот на светлината од рефлектирачкиот материјал дополнително поставен под панелите.
Параметри
Инсталирана моќност на централанта е 1.479,36 KW За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, поставени се 4.416 фотонапонски панели на конструкција под агол од 25 степени, со површина од околу 7593,6 m2. Предметната парцела е со површина од 17.659m2 и е ориентирана североисток – југозапад, а панелите се распоредени во редови и ориентирани кон југ. Сончева радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1570 KWh/m2.
Влијание врз животната средина
Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови, така што со помош на оваа централа се намалува испуштањето на 13.705,00 kg CO2