-
Локација
Фотоволтаичната централа „Штип Солар“, се наоѓа во близина на градот Штип, во близина на месноста викана „Баби“, Општина Штип. Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима.
-
Параметри
Вкупна инсталирана моќност на оваа централа изнесува 4118,4 кW.
За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, поставени се 7488 фотонапонски панели на конструкција под агол од 24 степени, со поединечна инсталирана моќност од 550 W.
Предметната парцела е со површина од 38.148,00 m2, додека панелите се распоредени во редови и се ориентирани кон југ.
Сончева радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1600 KWh/m2.
Вкупно годишно очекувано производство изнесува 5.515.911,26 kWh.
-
Влијание врз животната средина
Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови, така што со помош на оваа централа се намалува испуштањето на 5.383.529,4 kg CO2