Локација
Фотонапонските централи се наоѓаат кај Св.Николе, во средишниот дел на областа Овче Поле на 305 метри надморска височина. Градот е оддалечен 28 километри северозападно од Штип, 34 километри североисточно од Велес и 40 километри јужно од Куманово. До парцелите се доаѓа по експресниот пат кој води од Штип до Велес, при што се скршнува на регионалниот пат R1204 кој води кон Свети Николе. Општината се одликува со умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима.
Основни параметри Св.Николе 1
Вкупна инсталирана моќност од 1.048,98 kWp
Сончевата радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1540 KWh/m2. За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, поставени се 2028 фотонапонски панели со моќност од 535 kWp, на конструкција под агол од 25 степени со површина од околу 5.254,9 m2. Очекувано годишно производство на електрична енергија е 1.460.270 kWh. Предметната парцела е со површина од 10.909 m2.
Основни Параметри Св.Николе 2
Вкупна инсталирана моќност од 1.098,90 kWp
Сончевата радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1755,88 kWh/m2. За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, се поставени 1998 фотонапонски панели со моќност од 550 kWp. Очекувано годишно производство на електрична енергија е 1.563.394,88 kWh. Предметната парцела е со површина од 11.911 m2.
Панелите во двете фотонапонски централи се распоредени во редови и ориентирани кон југ.
Влијание врз животната средина
Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови. Функционирањето на овие две централи ќе ги намали емисиите на CO2 за 1493 тони кои инаку би се ослободиле при производство на таа количина на енергија преку согорување на фосилни горива.