Национална награда за добри практики за безбедност и здравје при работа

09.05.2018

ЕВН Македонија Електрани и оваа година е добитник на Националната наградата за добра практика за безбедност и здравје при работа. Министерката за труд и социјална политика на Република Македонија, г-а Мила Царовска наградата му ја додели на г-дин Мирослав Митровски, Менаџер во ЕВН Македонија Електрани. Г-дин Митровски се заблагодари и изјави „ Награда е доказ дека како дел од Групацијата ЕВН успешно ги следиме и унапредуваме најсовремените трендови за заштита при работа и безбедност на вработените, а оваа пракса ќе остане наш приоритет и во иднина“.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000