Награда за добра практика за безбедност и здравје при работа
„Советот за безбедност и здравје при работа“ и „Македонското здружение за заштита при работа“ ја доделија националната награда за добра практика за безбедност и здравје при работа на ЕВН Македонија Електрани. Признанието беше доделено за континуитетот во подобрувањето на процесите и мерките за безбедност и заштитата на здравјето на вработените кои ги покажа компанијата.
„ЕВН Македонија Електрани, како компанија која е дел од групацијата ЕВН, постојано дава голем акцент на безбедноста и здравјето на своите вработени, како во делот на едукација така и во делот на следење, имплементирање и унапредување на сите позитивни европски и светски норми и трендови во областа на безбедност и здравје при работа“ изјави на свеченото доделување на наградата д-р Мирослав Митровски, управител на ЕВН Македонија Електрани.