Фотонапонска Централа „Прилеп“

  1. Локација

    Фотонапонската централа се наоѓа во близина на градот Прилеп во предел кој се одликува со умерено-континентална клима.

  2. Основни параметри

    ФНЦ Прилеп е комплекс од 5 помали фотонапонски централи: ФНЦ ЕВН Варош Солар 1, ФНЦ ЕВН Варош Солар 2, ФНЦ ЕВН Варош Солар 3, ФНЦ ЕВН Варош Солар 4, ФНЦ ЕВН Варош Солар 5.  Вкупна инсталирана моќност од 3,4 MW. Сончевата радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1571 KWh/m2. За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, се поставени 5.952 фотонапонски панели, со моќност од 575 Wp на конструкција под агол од 25 степени, како и 18 Инвертери (енергетски преобразувачи) со моќност од 100 kW. Панелите се распоредени во редови и ориентирани кон југ.

  3. Влијание врз животната средина

    Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови, така што со помош на оваа централа се намалува испуштањето на 31.000,00 kg CO2.

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000
Политика за приватност