-
Локација
Фотонапонската централа се наоѓа во северо-источниот дел на земјата,во Кумановската Котлина на надморска височина од 340 метри. Пределот се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и континентална клима.
-
Основни параметри
ФНЦ Куманово е комплекс од 2 фотонапонски централи: ФНЦ ЕВН Солар 4 и ЕВН Солар 5. Вкупна инсталирана моќност од 10,3 MW. Сончевата радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1536,66 kWh/m2. За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, поставени се 17.668 фотонапонски панели, со моќност од 575 Wp на конструкција под агол од 25 степени, како 39 Инвертери (енергетски преобразувачи) со моќност од 250 kW. Панелите се распоредени во редови и ориентирани кон југ.
-
Влијание врз животната средина
Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови, така што со помош на оваа централа се намалува испуштањето на 94.000,00 kg CO2.