Фотоволтаична централа „Пробиштип Солар“

  1. Локација

    Фотоволтаичната централа „Пробиштип Солар“ е комплекс од три ФЕЦ: „ЕВН Солар 1“, „ЕВН Солар 2“, ЕВН Солар 3“. Се наоѓа во близина на селата Бучиште и Петршино, Општина Пробиштип.

  2. Параметри

    Вкупна инсталирана моќност на сите три централи е 10.980,66 кW.
    За да се искористи максимално расположливата површина од парцелата, поставени се 20.148 фотонапонски панели на конструкција под агол од 25 степени, со поединечна инсталирана моќност од 545 W, со површина од околу 52.070,2 m2.
    Предметната парцела е со површина од 116.551 m2, додека панелите се распоредени во редови и се ориентирани кон југ. Сончева радијација е со просечна годишна густина на енергија на сончевото зрачење од 1676 KWh/m2.
    Планираното годишно производство на новата фотонапонска централа изнесува 16 GWh.

  3. Влијание врз животната средина

    Производството на електрична енергија од фотонапонски панели (соларни ќелии) има позитивно влијание врз животната средина и со нивна употреба индиректно се намалува емисијата на стакленички гасови, така што со помош на оваа централа се намалува испуштањето на 7.322.719,00 kg CO2

Линкови

ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје
ул. Лазар Личеноски 11
Скопје 1000 Северна Македонија
тел. +389 (0)2 3205 000